ноември 22, 2024

Папата Франциск доби персонализирани жолти патики

Папата вчера доби персонализирани жолти патики на кои пишува „Папа Франциск“. Необичен подарок му подарил свештеникот и мотивациски говорник Џим Сицко, јавуваат агенциите.

Сичко беше во посета на Ватикан и сакаше да му подари нешто посебно на поглаварот на Римокатоличката црква. Тој контактираше со дизајнерите од компанијата „Truе Blue Color“ кои беа среќни да ја преземат оваа нарачка.

Основа за нивната работа беа патиките „Nike Blazer Mid 77 Vintage“, кои ги украсиле со мотиви од Ватикан.

Папата ги примил патиките во специјална дрвена кутија, чиј процес на дизајн траел десет часа.

Read Previous

Прескокнување јаже или трчање? – Експертите пресметаа кое вежбање троши повеќе калории

Read Next

Црна Гора и Бугарија го откажаа своето учество на Евровизија