ноември 22, 2024

Црна Гора и Бугарија го откажаа своето учество на Евровизија

По разгледувањето на расположливите ресурси, трошоците и обврските што Јавниот сервис ги очекува наредниов период, донесена е одлука Црна Гора да не учествува на Евровизија следната година. „Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопшти црногорскиот Јавен сервис.

Според западни медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.

Read Previous

Папата Франциск доби персонализирани жолти патики

Read Next

Руски ракетен напад врз енергетски објект во Киев