Кралот Чарлс III стана хит на социјалните мрежи откако во средата во Бакингемската палата се сретна со новата британска премиерка Лиз Трас.
Видеото од нивната средба набрзо се прошири на Твитер.
Многумина пишуваат дека им е смешно како Чарлс ја поздравил.
Има момент кога Трас му се поклонува на новиот крал пред да му подаде рака, а тој ѝ вели: „Пак си тука?“
„Големо задоволство“, му одговори таа на Чарлс, а тој додаде: „О Боже. Како и да е…“
На Твитер се појавија бројни коментари за кралот.