ноември 23, 2024

Ковачевски: Со договор можно е решение за училиштата и здравствените установи да не бидат на слободен пазар на струја

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

-Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми  приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш  кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија, изјави денеска премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Тој додаде дека штом ќе бидат усогласени барањата на компанијата, на стопанството, со регулативите за кои е задолжена РКЕ, ќе се излезе со финална солуција како ќе изгледа префрлањето на нови институции на регулираниот пазар.

-Нормално дека останува на РКЕ да го разгледа во детали барањето кое што го има не само Владата, туку и другите институции и на крајот да најдеме солуција. Досега се покажа дека со напорна работа, со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени како што изнајде решение за субвенционирање на 80 проценти од цената на електрична енергија на граѓаните и на две третини од електричната енергија на регулиранот пазар за малите потрошувачи за 72 илјади компании, сметам дека и за ова ќе се изнајде решение, рече Ковачевски.

Тој потенцира оти цената на струјата ја одредува РКЕ и оти таа зависи од многу фактори, а не само од еден.

– Зависи од цената на енергенсите која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на транспортот која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на основните суровини што се користат за одржување на електроенергетските постројки, зависи од цената на гасот, зависи од цената на мазутот, на јагленот итн. Од ова одлука, исто така, може да зависи, меѓутоа префрлањето на основните и на средните училишта на регулираниот пазар има многу помало учество од тоа што го имаат порастот на цените на другите енергенси ако ја погледнете формулата за формирање на цената, рече Ковачевски по посетата на болницата во Гостивар.

Во врска со информациите за заштедата на струја за над 18 проценти од страна на сите институции ви септември годинава споредено со истиот период лани, Ковачевски истакна дека сите министерства имале таква заштеда знаејќи дека ако не го направат тоа ќе имало смена на министрите.

Read Previous

Ковачевски за Софијанова: Ако има прекршувања, веднаш да се постави нов директор на Детската клиника

Read Next

ПАК СИ ТУКА? – Чарлс хит на Твитер поради начинот на кој се поздрави со премиерката Трус