ноември 24, 2024

Ракетиран украинскиот град Николаев

Руската армија денеска извршила ракетни напади врз украинскиот град Николаев, соопштија локалните власти. Информацијата е објавена набргу откако Генералното собрание на ОН за нелегална ја прогласи анексијата на украинска територија од страна на Москва, а сојузниците ветија дополнителна воена помош на Украина.

„Погодена е петкатна станбена зграда, горните два ката се целосно уништени, а останатите се под урнатини. Спасувачите работат на местото на настанот“, објави преку социјалните мрежи градоначалникот на Николаев, Александар Сенкевич, посочувајќи дека врз градот е извршен интензивен ракетен напад.

Николаев е  бродоградилиште и пристаниште во јужниот дел на Украина, на реката Буг во близина на Црното Море. Градот од почетокот на војната беше изложен на интензивно руско гранатирање.

Руската армија денеска извршила и напади врз населено место во регионот на главниот град на Украина, Киев, користејќи експлозивни беспилотни летала, објави регионалната администрација преку Телеграм. Засега нема информации за жртви.

Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, изјави дека според прелиминарните податоци, нападите биле извршени од ирански „камикази беспилотни летала“.

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на претседателската канцеларија на Зеленски, изјави дека во нападите биле погодени витални инфраструктурни објекти.

Read Previous

Најмногу дожд во Претор, најстудено на Попова Шапка

Read Next

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото