ноември 24, 2024

Најмногу дожд во Претор, најстудено на Попова Шапка

УХМР соопшти дека изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Претор, осум литри на метар квадратен, а најмалку во Дојран, Штип, Скопје – Петровец, Демир Капија, Скопје – З.Рид, Тетово и Пожаране, еден литар на метар квадратен.

До 8 часот утрово се измерени и 5 литри на метар квадратен во Крушево, 4 во Ѓуриште, 3 на Попова Шапка, во Дебар и Прилеп, како и два во Битола, Маврови Анови и Лазарополе

Најстудено до осум часот утрово било на Попова Шапка, шест степени, а максимални 14 се измерени во Скопје – Зајчев Рид, Дојран и Гевгелија. Температурата изнесувала осум степени во Лазарополе и Маврови Анови, 9 во Крушево, 10 во Берово и Крива Паланка, 11 во Претор, 12 во Куманово, Виница, Струмица, Тетово, Охрид, Прилеп, Битола и Штип, како и 13 во Дебар, Скопје-Петровец и Демир Капија.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд, пообилен попладне и во текот на ноќта. Максималната температура ќе достигне до 18 степени. 

Read Previous

Лукашенко ќе има проблеми во својата земја доколку тргне во војната вo Украина, тврди Макрон

Read Next

Ракетиран украинскиот град Николаев