ноември 21, 2024

Саем на македонска традиционална храна во Битола

Во Битола денеска ќе се одржи третата по ред манифестација „Незаменливиот вкус на традицијата“, организирана од Зелена берза, а финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Саемот на македонска традиционална храна има за цел да ја промовира македонска храна и на едно место да ги собере производителите, преработувачите и иноваторите на нови вкусови на храна од сите страни на државата.

Како што соопштија од Зелена берза, целта е преку оваа манифестација да се поттикне и поинтензивниот развој на органското земјоделство, но и одржување на бројот на жители во руралните средини и позабрзан развој на селата.

– Со овој настан истовреме сме промотор на органското производство, како и пласманот на нашите земјоделски производи на домашните и странските пазари. Во последниве години забележлив е трендот и зголеменото органско производство кое е координирано со финансиската поддршка од  страна на Владата, токму поради големите природни потенцијали за развој на органско производство во нашата земја, соопштија од Зелена берза. 

Read Previous

Регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“

Read Next

Изложба на македонска еколошка мода и дизајн „Slowscapes“