ноември 22, 2024

Средба Османи – Рикер во Њујорк

Претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст, биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори и долгогодишен пријател на Северна Македонија, на маргините на 77-то Генерално заседание на ОН, во Њујорк, САД.

Како што информираа од МНР, било реафирмирано и силното сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи.

– Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици, наведуваат од МНР.

Read Previous

Во Битолско приведени четири лица, пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва

Read Next

Експерт по безбедност: Кибер-нападите врз Албанија се широка агресија која ги откри фундаменталните слабости на управувањето со националната безбедност