Познатиот албански експерт за меѓународни односи и безбедност, Адријан Штуни, иранските кибер-напади врз Албанија ги смета за „широка агресија“.
Во емисијата „Опен“, на News24 рече дека нападот бил планиран одамна, од мај 2021 година.
-Момент на паника, нема координација меѓу институциите.
Имаме значително нарушување на националната безбедност. Направија голема штета. Ова започна уште во мај 2021 година, кога извештајот на Мајкрософт откри траги на пенетрација. Нападот бил планиран однапред и ги откри фундаменталните слабости на управувањето со националната безбедност. Тоа не е напад, туку широка агресија, закана за јавниот ред, за приватноста на луѓето и проблем со контраразузнавањето, оценува тој.
Тој изнесе свој став и во однос на барањето обвинителството да забрани медиумите да објавуваат информации објавени од хакерите.
-Не ми е јасно дали обвинителството има право да донесе одлука за необјавување на објавени информации од страна на хакерите. Второ, има и други преседани, на пример во САД, како што се документите на Пентагон во 1971 година за војната во Виетнам. Направи голема политичка врева и судот донесе одлука за забрана на информации и потоа Уставниот суд ја отфрли одлуката на судот поради кршење на правото на информирање, нагласува експертот.
Според него информациите се таму и се достапни за секој со интернет конекција.
-Сликовито да се изразам коњите се надвор, затворајте ја вратата од шталата колку што сакате. Потребна е отчетност затоа што не е нешто мало што може да го скриете со насмевка, заклучува Адријан Штуни експерт за меѓународни односи и безбедност.