ноември 25, 2024

Ристо Пенов се враќа во политиката и тоа како министер?!

ЛДП до крајот на неделава ќе го официјализира предлогот за нов министер за локална самоуправа што ќе го наследи Горан Милевски откако тој денеска поднесе оставка од функцијата. Нејсериозен и единствен кандидат на партијата за оваа позиција е поранешниот градоначалник на Скопје и екс претседател на ЛДП, Ристо Пенов, кој веќе добил понуда и во следниов период треба да се изјасни дали ја прифаќа, дознава Канал 5. На прашање дали планира да се врати во политиката како министер за локална самоуправа, Пенов кратко ни одговори дека се уште е рано, иако извесно е дека е главниот адут на либералдемократите.

Горан Милевски денеска и официјално се збогуваше од министерката позиција во Владата, поради, како што тврди лични причини и замор од работата. Оттаму велат дека се уште не ја добиле оставката, но се очекува да ја констатираат на владина седница.

Read Previous

Милевски ја достави оставката до Владата

Read Next

Научници предупредуваат на ерупција на џиновски вулкан и тектонски удари