мај 4, 2024

Приведен дилер во Скопје, пронајдена дрога

МВР информира дека вчера, во 10.30 часот, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(35), затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, екстази и куршуми од огнено оружје.

-Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Read Previous

Си Џинпинг и Владимир Путин ќе се сретнат наредната седмица во Узбекистан

Read Next

Путин: Западните санкции се опасност за целиот свет