Си Џинпинг и Владимир Путин ќе се сретнат наредната седмица во Узбекистан

Кинескиот лидер Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат следната недела во Узбекистан, пренесуваат светските агенции објава на руската дипломатија.

„За помалку од десет дена ќе има нова средба на нашите лидери (Путин и Кси), што ќе се одржи во рамки на состанокот на лидерите на земјите од Шангајската организација за соработка“, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на рускиот амбасадор во Пекинг Андреј Денисов.

Си и Путин на 15 и 16 септември ќе бидат во Самарканд, каде ќе учествуваат на регионален форум.

Тоа ќе биде прво патување на кинескиот претседател во странство од почетокот на пандемијата на коронавирусот. 

Read Previous

САД размислуваат за годишни вакцини против Ковид-19, соопштија здравствените власти

Read Next

Приведен дилер во Скопје, пронајдена дрога