Дел од учениците од основното училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово го бојкотираа наставниот процес поради отпуштање на некои наставници. Родителите го изразија својот револт пред училиштето барајќи појаснување за ситуацијата, пренесува Алсат.
„Од септември нема да има настава, треба да ни кажат тогаш да одлучиме каде сакаме и да го направиме нашиот избор. Не сега, кога се запознале, се поврзале со наставничката, да се враќаме од почеток. Ние не сме против новата наставничка, туку против партиите што го прават ова, било на власт или во опозиција.“
„Требало да има друг план бидејќи и јас сум во образование. Треба да ме известат во септември дека на Бутринт ќе му се смени учителката, а не син ми да ми се трауматизира од партиите кои решиле да тргнат совршена учителка и да ни донесат друга.“
Директорката на училиштето тврди дека на наставниците им биле истечени договорите, а од медиумите побара да си заминат.
Од општина Тетово известија дека овие наставници треба да го чекаат конституирањето на новиот Совет по што ќе се распише конкурс и ќе можат повторно да аплицираат за работа.