Завршија градежните активности за изградба на водовод со должина од 1190 метри во индустриската зона Петилеп во општина Могила, информираат од локалната самоуправа.
„Со директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов и претставници од БВ Инженеринг направивме увид на лице место за утврдување на завршетокот на градежните активности. Вкупна вредност на договорот за изградба на водоводот изнесува 4.067.713 денари”, изјави градоначалникот на општона Могила, Драганчо Саботковски.
Саботковски додаде дека следни фази кои се предвидени за реализација со цел ставање во функција на стопанскиот комплекс Петилеп, се изведба на атмосферска и фекална канализација со прочистителна станица, електрика и улична мрежа со тротоари.
„Зоната е значајна за економскиот развој на општина Могила, за привлекување на домашни и странски инвестиции, а со тоа и нови работни места”, вели Саботковски.