мај 5, 2024

Г7 денеска ќе расправа за плановите за ограничување на цената на руската нафта

Министрите за финансии на Групата седум најразвиени економии се очекува денеска да ги потврдат плановите за ограничување на максималната куповна цена за откуп на руската нафта во глобалната трговија, со цел да се намалат приходите на Москва, која води војна во Украина, но и за ублажување на притисокот врз енергетскиот пазар.

„Веројатен е договор“, рече европски претставник на Г7, додавајќи дека не се знае колку детали ќе бидат откриени, како што е нивото на горната цена за барел над кој земјите кои се придржуваат до договорот ќе одбијат финансирање и осигурување за танкери на руска сурова нафта и товар.

Британскиот министер за финансии Надим Захави вчера во Вашингтон рече дека се надева оти министрите за финансии на Г7 „ќе имаат изјава што ќе покаже дека е можен побрз напредок кон оваа цел“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер вчера одби да ги коментира плановите за ограничување на цените на Г7.

„Ќе слушнеме повеќе в петок за тоа како ќе функционира ова, преку партнерство со нашите сојузници во Г7. Веруваме дека ова ќе биде начин навистина финансиски да ја погодиме Русија“, рече портпаролката на Белата куќа.

Read Previous

Индустриската зона „Петилеп” доби водоводна мрежа  

Read Next

Николоски: Неопходни се предвремени парламентарни избори