ноември 22, 2024

Кина планира да ја заштити овогодинешната жетва од суша со „сеење облаци“

Кина ќе се обиде да ја заштити годинешната жетва од рекордна суша со „сеење на облаци“, користејќи реагенси за правење дожд.

Фабриките во провинцијата Сечуан беа затворени минатата недела за да се заштеди енергија за домовите, каде што повеќе се користи клима уред поради топлината и температурите до 45 степени Целзиусови.

Следните 10 дена се клучни за посевите со ориз во јужна Кина, изјави министерот за земјоделство Танг Ренџијан, пренесуваат медиумите.

Кинеските власти ќе преземат итни чекори за „обезбедување на есенската жетва“ која сочинува 75 отсто од годишниот принос, рече Танг во петокот.

Властите „ќе се обидат да го зголемат дождот“ со влијание врз облаците и со прскање на посевите со „средство за задржување вода“, соопшти Министерството за земјоделство.

Намалениот принос од жетвата во Кина би имал глобални последици бидејќи би се одразил на растот на увозот, што дополнително би го зголемило притисокот врз инфлацијата во САД и Европа.

Read Previous

Сатон со една реченица го опиша она што се случуваше на дербито на „Олд Трафорд“

Read Next

7 карактеристики кои покажуваат дека вашиот коефициент на интелигенција е натпросечен