Победата на Манчестер Јунајтед над Ливерпул донесе долго посакувана радост меѓу фановите на „црвените ѓаволи“, но и многу реакции од фудбалската јавност.
Поранешниот напаѓач, Крис Сатон, веднаш по крајот на дербито на „Олд Трафорд“ со еден едноставен твит го објасни она што се случи на дуелот и неговиот епилог.
– Манчестер Јунајтед направи Ливерпул да изгледа како Манчестер Јунајтед, – твитна Сатон, а неговата реченица стана вирална на Твитер.
Јунајтед стигна до првите бодови во новата сезона и сега има еден повеќе од Ливерпул, кој досега два пати ремизираше пред да загуби кај големиот ривал.