ноември 24, 2024

Северна Кореја истрела два крстосувачки ракети

Северна Кореја денеска истрела две крстосувачки ракети од својот западен брег, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

Ракетите биле истрелани кон Жолтото Море од Ончон во провинцијата Јужен Пјонган, изјави неименуван претставник на Министерството за одбрана.

Северна Кореја не тестирала крстосувачка ракета од јануари, објави новинската агенција Јонхап.

Овој тип на проектили не е забранет со сегашните санкции на Обединетите нации. 

Read Previous

Потпретседателот на АА, Таравари бара формирање техничка влада

Read Next

СДСМ: Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската Влада