ноември 22, 2024

Лончар ја коригира претходната вест од Бугарија: На еден патник му е ампутирана ногата, а не на возачот

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, по посетата на повредените во автобуската несреќа во Бугарија, изјави дека на еден патник му била ампутирана ногата, а не на возачот, како што беше претходно објавено, пренесе Бета.

„Еден човек беше опериран и не се работи за возачот за кој се шпекулираше дека му ја ампутирале ногата, туку за татко на дете кому му е ампутирана потколеница“, изјави Лончар за РТС.

Тој додаде дека две момчиња на возраст од десет и единаесет се на интензивна нега и ќе бидат префрлени во Софија.
„Другите деца се добро, ги посетив сите“, изјави Лончар.

Тој рече дека повеќето од децата и родителите од автобусот, како и оние кои дошле во Бугарија кога слушнале што се случило, ќе пристигнат во Србија во текот на денот.

Read Previous

Најмногу дожд во Тетово

Read Next

Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија