ноември 22, 2024

Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија

Водечката верзија за несреќата со српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, во која српски автобус излета од патот на делот меѓу Нова Загора и Стара Загора, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Сарафов, ова е водечката верзија – за човечка грешка. Нема нерамнини на патот ниту на автопатот Тракија во Бугарија, немаше други пречки поради кои автобусот скршнал. „Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето“, рече и Сарафов.

Според него, водечката верзија останува само човечка грешка, за која се собрани директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот. „Возачот го сврти вниманието обидувајќи се да му помогне на еден од патниците да крене седиште“, истакна и Борислав Сарафов. 

Read Previous

Лончар ја коригира претходната вест од Бугарија: На еден патник му е ампутирана ногата, а не на возачот

Read Next

Кина одржува нови воени вежби во близина на Тајван