ноември 22, 2024

Најмногу дожд во Тетово

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Тетово, 21 литар на метар квадратен, а најмалку во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Дојран и Берово, еден литар.

Според УХМР, до 8 часот се измерени  19 литри во Крушево, 8 во Крива Паланка и на Попова Шапка, 5 во Виница, 3 во Прилеп и Гевгелија, како и 2 во Струмица, Маврови Анови и Ѓуриште.

За денеска врнежи се најавуваат. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде од 25 до 33 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 31 степен. 

Read Previous

Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт во Авганистан

Read Next

Лончар ја коригира претходната вест од Бугарија: На еден патник му е ампутирана ногата, а не на возачот