ноември 22, 2024

Зеленски: Секој окупатор кој мачи и убива ќе биде казнет, ништо нема да ја спречи одмаздата

Нападот на затворот во кој се држеле затвореници е смислено масовно убиство на украински воени затвореници, рече во своето синоќешно обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Повеќе од педесет мртви … Секој окупатор кој малтретира Украинци, кој мачи и убива, треба да знае дека за тоа ќе биде казнет. Ако некој од руските убијци се надева дека нема да биде изведен пред лицето на правдата, дека некаде ќе се скрие, нека знае: ќе одговараат во секој случај. Географијата, времето, границите и ѕидовите нема да ја спречат праведната одмазда, рече тој.

– Русија со бројни терористички напади докажа дека е најголемиот извор на тероризам во денешниот свет. Тоа е факт, рече Зеленски.

Read Previous

Демонстрантите во Багдад упаднаа во зградата на Парламентот

Read Next

Газпром ја прекина испораката на гас за Летонија