ноември 22, 2024

Газпром ја прекина испораката на гас за Летонија

Газпром од денеска ја прекина испораката на гас за соседна Летонија поради кршење на условите за повлекување гас, соопшти руската компанија.

Овој потег уследи еден ден откако летонската енергетска компанија Летонски Гас (Latvijas Gaze) соопшти дека купува гас од Русија и плаќа во евра наместо во рубљи, како што бара Москва.

Русија веќе ја прекина испораката на гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и Данска, кои одбија да платат за гасот според наредбата на рускиот претседател Владимир Путин кој бараше да отворат сметки во рубљи во руска банка како дел од новото решение за плаќање.

Read Previous

Зеленски: Секој окупатор кој мачи и убива ќе биде казнет, ништо нема да ја спречи одмаздата

Read Next

Џони Деп заработува и како сликар