ноември 22, 2024

Демонстрантите во Багдад упаднаа во зградата на Парламентот

Стотици следбеници на влијателниот шиитски верски лидер Моктада ал-Садр денеска упаднаа во парламентот по вторпат оваа недела во знак на протест против напорите за формирање влада на проиранските партии.

Ирачките безбедносни сили се обидоа да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на парламентот користејќи солзавец и димни бомби.

На протестот во зелената зона во Багдад каде се наоѓаат институциите има илјадници луѓе. Пред да упаднат во парламентот, тие ги отстранија барикадите поставени околу таа зона.

Како што пренесува Бета, неколку лица се повредени.

Read Previous

Вторник е неработен ден, до крајот на годината уште еден продолжен викенд

Read Next

Зеленски: Секој окупатор кој мачи и убива ќе биде казнет, ништо нема да ја спречи одмаздата