ноември 23, 2024

Вторник е неработен ден, до крајот на годината уште еден продолжен викенд

Согласно со Законот за празниците на РМ, 2 Aвгуст (вторник) 2022 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Во 2022 година, на сите македонски граѓани им останува уште еден продолжен викенди.

Продолжен празничен викенд има во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година остануваат уште овие неработни се:

За сите граѓани на РМ

2 август (вторник), Ден на Републиката,
8 септември (четврток), Ден на независноста,
11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

Read Previous

Украина соопшти дека од почетокот на инвазијата се убиени 40.670 руски војници

Read Next

Демонстрантите во Багдад упаднаа во зградата на Парламентот