Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021г, Државниот завод за статистика, во четвртиот сет ги објави пописните податоците кои се однесуваат на:
- домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
- начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
- број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и помошни простории и
- дел од карактеристики на зградите.
Според податоците:
- Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1.
- Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 5% живеат во четиричлени домаќинства.
- Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
- Бројот на семејства изнесува 538 348.
- Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или 1% се брачни парови без деца, 9 379 семејства или 1.7% се сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619 семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
- Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од јавен водовод, додека 2.14% домаќинства користат флаширана вода за пиење.
- Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
- Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија, 34 277 или 4.1% се без водоводна инсталација, а 60 807 или 7.3% немаат систем за канализација.
- Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.
Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021