Изминаа 3 месеци од немилиот настан кога Расел се појави пред вратите на прифатилиштето на ЈП Лајка во загрижувачка состојба со длабока рана на вратот како последица од силно заврзана жица.
По неколку месеци стручен надзор и хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка, Расел во моментот се наоѓа во добра здравствена состојба, раната веќе е во одмината фаза и не чувствува никакви болки при допир на местото каде се уште е видна лузната од раната.
Расел без никаков отпор дозволува да му се стави околувратник и оди одлично на поводник.
Насмевката на Расел, неговата желба за живот и радост околу вработените во ЈП Лајка едноствано е неопислива. Ова прекрасно и исклучително мило куче заслужува да си најде дом и вистинско семејство час поскоро.
Расел има 2-3години, среден раст е и е микс од стафорд. Обожава да си игра, да трча и скока, сака да биде во друштво на луѓе. Сака да ужива под сенка во природа, има мил карактер и многу сака да се гали. Добро се однесува со други кучиња.