ноември 23, 2024

СДСМ: Сега ЕУ и Вархеји му се виновни на Мицкоски, тоа ли се инструкциите на Груевски?!

Откако му потонаа сите лаги, откако не успеаја сценарија за дестабилизација на земјата, откако неговите пратеници побегнаа од дебата и не гласаа во македонското Собрание, сега на Мицкоски му се виновни ЕУ и еврокомесарот Вархеј, велат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваа:

Тоа ли се насоките од Никола Груевски по кои Мицкоски замина за Будимпешта или има и нешто друго?

Дали во Будимпешта Мицкоски исто така ја ословуаше својата земја како кратенка од регистерска табличка, со НМК?

Дали во колата за Будимпешта освен за Николовски имаше место за неговиот партнер Апасиев?

Мицкоски треба да се отрезни од деструкциите инаку останува сам со Апасиев во анти ЕУ коалицијата која одработува за туѓи интереси.

Read Previous

Се врати „насмевката“ на Расел, куче кое пред неколку месеци се појавило пред вратите на Лајка со длабока рана на вратот

Read Next

Коњаниците од Aеродром денеска тргнуваат за Kрушево