ноември 23, 2024

Без дискусија, со 103 гласа за и 2 против, македонските пратеници кажаа ДА за членството на Шведска и Финска во НАТО

Без било каква дискусија, со 103 гласа „за“ и со двајца „против“ го изгласаа Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за Шведска и за Финска, со што Македонија практично даде зелено светло овие две земји да станат членки во алијансата.

Кој гласаше против предлогот се уште не е јасно, но одлуката ја покажа огромната поддршка што овие две пријателски земји ја имаат во нашата држава и во Парламентот. На гласањето , што е прво за ваква одлука откако Македонија стана земја членка на Алијансата, присуствуваа државниот врв и дипломатскиот кор во земјата.

Read Previous

Бислимовски: Тврдеа дека кај Свети Николе бил гробот на Александар Македонски, можеби и нафта ќе најдат

Read Next

Се врати „насмевката“ на Расел, куче кое пред неколку месеци се појавило пред вратите на Лајка со длабока рана на вратот