ноември 23, 2024

Бислимовски: Тврдеа дека кај Свети Николе бил гробот на Александар Македонски, можеби и нафта ќе најдат

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, објавувајќи дека од вечерва на полноќ дизелот ќе поевтини за два денари, повторно кажа на кој начоин се пресметува цената за крајните корисници на навтените дериват. Воедно ги прозва, како што вели тој, оние кои ги ставиле на билбордите, доколку мислат дека нашата држава има своја нафта и резерви и треба поинаку да се пресметува цената, да повелат и да го заземат неговото место.  

– РКЕ определува цена на нафтени деривати врз основа на цена на цена на нафтени деривати на берза и курс на долар. Ако некој мисли дека во Македонија има свои резерви на нафта и можеме ние сами да си правиме цени, јас го отстапувам своето место и нека прави цени какви што смета од сопствено производство. Најверојатно секогаш околу Свети Николе кажуваат дека има, и гробот на Александар Македонски бил и нафта дека имаме. Верувам дека конечно нешто ќе најдат и ќе помогнат на граѓаните, рече Бислимовски.

Тој додаде дека реално сметките за парно-греење, ако зголемувањето на цената се ориентира според поскапувањето на природниот гас, треба да изнесува 150 отсто, но дека државата ќе превземе мерки на ублажување.

Read Previous

Прифатени речиси сите барања на бизнис секторот за струјата, стануваат на сила од 1-ви август

Read Next

Без дискусија, со 103 гласа за и 2 против, македонските пратеници кажаа ДА за членството на Шведска и Финска во НАТО