Ако сакаме да ја споредиме работата на претседателот на Собранието, тоа е една чаша со пиво кога ќе се преполни и ќе почне да претекува, објаснува пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска на седницата за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери.
„Џафери се изживуваше со сите пратеници од опозицијата. За мене со потсмев им велеше на своите обожаватели да ме видат. Како да сме на излет во некоја планина или пак забавувачка во некое кабаре. Да го прогласиме Џафери за женомрзец“, вели Стојановска.
Џафери реплицираше: „Нема да паднам на вашето ниво. Ако вие се чувстувате како да сте во кабаре, што да правам. Играјте ја и понатаму таа улога ако ја сакате. Што се однесува до финансиското работење, сѐ е јавно и пристапот е отворен за секој граѓанин ако сака да влезе во електронската архива на Собранието.