Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во образложението на интерпелацијата рече дека владејачкото мнозинство е опиено од власта и живее во розов свет. Тој цитираше дел од писмениот одговор на Џафери на поднесената интерпелација каде тој вели дека тврдењата на подносителите се обид за девалвирање на неговите постигнувања како претседател, па Мицевски нагласи:
„Но, господине Џафери, Собранието е претворено во гласачка машина и се злоупотребува европското знаменце. За какви достигнувања зборувате.
Освен тоа, одземата збор неделовнички, а направивте и голем неделовнички деловник, за кој може да се одговора и кривично, е кога на 25 мај ја заклучивте опозицијата за да не излезе. Не, не е оправдување за да се пребројат пристуните пратеници. Кодексот за работење на пратениците, го погазивте, господине Џафери“, рече Мицевски и го стутка Кодексот на говорницата.
„Тука ја затворивте приказната за кодексот, за меѓусебното однесување и соработка меѓу пратениците”, рече Мицевски.
„Кога велите дека работевте за добра соработка на координативните седници, имавте добра волја од нас, но таа соработка ја претворивте во еднонасочна улица. Можам да заклучок, дека договореното на координација, некогаш не важело до понеделник, некогаш уште веднаш до попладнето. Понекогаш поради тоа не можеме да ги планираме активностите внатре во оваа зграда, а не па за активности надвор од Собранието кои ни се предвидени како на народни избраници. Не се однесува ова само на нас од опозицијата, туку и владејачкото мнозинство не може да си ги планира активностите, и тие се жалат, ама не и јавно преку говорница”, рече Мицевски.
Знаете дека имаше интерпелации, дека не ги ставивте на пленарна седница, имаше и две за Никола Димитров, рече тој и нагласи дека сега, според настаните во последно време стана јасно зошто подоцна власта Димитров го пушти низ вода.
Мицевски го спомена и извештајот на Државниот завод за ревизија каде, рече, се констатирани неправилности во работењето на Собранието, но и дека за зградата не се поседува имотен лист.
„Koлку и да имате направено добри работи, не велам дека нема и добри работи, но со злоупотребата на европското знаменце, на скратените постапки, на повреди на деловникот, имате направено мноу постапки за да ја заработите интерпелацијата и оваа интерпелација да биде изгласана, заради угледот на ова Собрание”, рече на крајот Мицевски.