Димитар Ковачевски призна дека во моментов, изминативе неколку дена, вклучително и денес сеуште тајно зад затворени врати се водат официјално преговори во Софија, во врска со предлогот за протоколот за ЕУ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Како што вели тој, официјално Ковачевски призна пред јавноста дека некој си таму тим составен од поданици на оваа нерационална и дипломатски неуспешна Влада којашто ја предводи тој самиот, преговара со официјална Софија да ја запечати судбината на граѓаните и Република Македонија, иако сите знаеме каков е ставот на граѓаните.
-Кога веќе призна Ковачевски дека се водат преговори, јавно го прашуваме, што преговара овој тим пратен во име на оваа расипничка Влада? Кои се позициите на тимот кој го испраќа Владата на Димитар Ковачевски? Што имаат договорено до моментов, за да некои луѓе блиски до Владата и СДСМ, јавно кажуваат дека има простор да се испреговара протоколот, иако знаеме што значи тоа? Ова се прашањата за кои сме загрижени сите како јавност, од едноставна причина што оваа Влада ја има киднапирано иднината на Република Македонија. Ова се прашањата кои мора веднаш да бидат одговорени, а не кукавички да води оваа Влада преговори кои не одат во полза на интересите на граѓаните и Република Македонија, вели Арсовски.