ноември 22, 2024

Бајден – Американското воено присуство во Европа ќе станува сè поголемо

Американскиот претседателот Џо Бајден изјави дека Соединетите Држави ќе го променат својот воен став во Европа поради заканите кои произлегуваат од руската инвазија на Украина. Тој вели дека американското воено присуство во Европа ќе стане поголемо, како реакција на НАТО на заканите од Москва.

Говорејќи денеска при пречекот од страна на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на самитот на Алијансата, Бајден рече дека Соединетите Држави ќе го зголемат бројот на бродови уништувачи што ги имаат во Шпанија на шест од четири, дека Вашингтон ќе испрати два дополнителни Ф- 35 ескадрили во Британија и ќе формира Штаб на 5-та армија во Полска. Понатаму Бајден вели дека ќе испрати повеќе „воздушна одбрана и други капацитети“ во Германија и Италија, а САД ќе ги засили своите воени средства и во Романија и балтичкиот регион.

Read Previous

Илон Маск надмина 100 милиони следбеници – шестата најследена личност во светот

Read Next

Арсовски: Ковачевски призна дека тајно, зад затворени врати се водат преговори со Софија