Претседателот Стево Пендаровски, заедно со министрите Османи и Петровска се дел од НАТО самитот кој се одржува во Мадрид. Пред почетокот Пендаровски порача дека никогаш во историјата не се одржал самит на Алијансата, а на европско тло да се води војна.
-Да го усвоиме новиот Стратегиски концепт и Меморандумот за прием на новите земји членки, како потврда за нашето сојузништво.
Новиот #StrategicConcept треба да даде проценка за променетата безбедносна средина, да ги потврди нашите заеднички вредности, цели и задачи и да ја поттикне натамошната трансформација на Алијансата.
-На НАТО Самитот ја потврдуваме сплотеноста како сојузници во однос на нашите тековни и идни задачи и ја потврдуваме политиката на отворени врати, порача Пендаровски.