ноември 21, 2024

Референдум за приклучување на Керсон кон Русија

Воената администрација во окупираниот украински град Керсон, поставена од Москва, соопшти дека се подготвува да одржи референдум за приклучување кон Русија.

„Да, ние се подготвуваме за референдум и ќе го одржиме“, рече Кирил Стремусов, заменик-шефот на воената и цивилната администрација на Керсон во видеото објавено на Телеграм.

Стремусов рече дека Керсон треба да стане „полноправна членка“ на Русија.

Официјалните лица, поставени од Русија, рекоа дека нивните безбедносни сили го уапсиле градоначалникот на Керсон, Ихор Колихаев на 28 јуни, откако тој одбил да ги следи наредбите на Москва. Локален функционер рече дека градоначалникот бил киднапиран.

Керсон, важно пристаниште на Црното Море, е целосно под руска контрола од почетокот на март, само неколку недели откако Москва ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина.

Read Previous

Имате проблем со Инстаграм? Не сте единствени, корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Read Next

Пендаровски на НАТО самит во Мадрид: Ја потврдуваме сплотеноста со сојузниците