ноември 22, 2024

Зоо Скопје бара имиња за трите женски лавчиња

По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата одлично напредуваат под будното око на вработените во Зоолошката градина кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови. 

Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните. А од денеска ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу. 

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите женски лавчиња. Граѓаните предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на Фејсбук страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на Фејсбук страницата на Град Скопје.

Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

Read Previous

Oткриено колку Мане ќе заработува во Баерн

Read Next

ССМ со улични блокади го продолжи генералниот штрајк, бараат итно зголемување на платите