Сенегалецот одлучи да ја прифати понудата од Баерн затоа што сметаше дека му е потребен нов предизви кво кариерата после одличните шест сезони во дресот на Ливерпул. Иако Ливерпул беше спремен да му понуди нов договор на крајот Мане го одби и продолжи во Баерн.
Мане пред неколку дена беше официјално претставен на „Алијанц Арената“, а според она што го откри „Билд“ Мане ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот.
Според информациите на медиумите Мане ќе инкасира дури 60 милиони евра за тригодишен доиговор што е многу повеќе од она што го заработуваше во Ливерпул. Годишно Мане ќе заработува скоро 20 милиони евр, а месечно неговата плата ќе биде 1.650.000 евра. Во Ливерпул заработуваше нешто повеќе од 12 милиони евра годишно.
Извор: Спортски