ноември 22, 2024

Британката Вики Спит е жената која прва доби оштета за смрт предизвикана од вакцина против ковид

Жена во Велика Британија, чиј партнер починал откако ја примил вакцината Астра Зенека, е првата личност која добила отштета за смрт предизвикана од вакцинација.

Вики Спит добила максимална отштета од 120.000 фунти (околу 140.000 евра), но таа тврди дека тоа не е доволно и дека обештетувањето е несоодветно, пренесува Би-би-си.

Нејзиниот покоен вереник, рок пејачот Зајон (48) од Алстон, Камбрија, Англија, се разболел осум дена откако примил вакцина и починал во мај 2021 година.

Вики Спит повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога здравствената состојба на Зајон се влошила поради главоболка, но шест дена подоцна тој починал во болницата Ројал Викторија во Њукасл.

Во неговата смртна потврда се наведува дека пациентот „починал поради компликации од вакцината“, пренесува Би-би-си.

38-годишната девојка вели дека се задолжила откако ја изгубила платата на Зајон и верува дека требало да добие околу 180.000 фунти (околу 210.000 евра).

Таа, исто така, негодуваше поради фактот што мораше да чека премногу долго за компензација во согласност со правилата на Британската шема за компензација за вакцинација, формирана во 1979 година, додавајќи дека износот не е во согласност со зголемената инфлација.

Вики Спит вели дека Зајон бил здрав, во добра физичка форма и дека имал добри шанси да преживее доколку лекувањето започнело порано.

Таа додаде дека црниот дроб и бубрезите на Зајон биле донирани по неговата смрт и дека донирањето на неговите органи помогнало да се спасат животите на три лица.

Џејмс Бел, партнер во специјализираната адвокатска канцеларија за спорови кои произлегуваат од медицинска небрежност, исто така смета дека британскиот систем за плаќање компензација не е доволно усогласен.

Read Previous

Пендаровски го советува Ковачевски да не оди во Брисел: Што ќе прави таму, само да се слика?!

Read Next

Како да се заштити кучето од топлотен удар?