Владејачката СДСМ на опозицијата и порачува дека темата за предвремени избори е затворена до 2024 година, со декларацијата потпишана од сите политички партии од владината коалиција предводена од СДСМ.
–Во време на глобална економска и енергетска криза потребно е вклучување на сите капацитети за поддршка на граѓаните и на компаниите, за политиките и мерките за справување со последиците од кризата.
Ефикасноста во донесување на законите е еден од начините.
Токму затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат однесувањето и да дадат поддршка на ребалансот на Буџетот за 2022 година кој влезе во амандманска расправа.
Овој ребаланс обезбедува дополнителни средства за нови антикризни мерки, за повисоки плати и пензии, за повеќе инвестиции во енергетиката и производството на храна и затоа е важно тој да биде усвоен што побрзо.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и компаниите за помош во време на криза да бидат усвоени.
Граѓаните очекуваат од сите пратеници и политички партии да покажат одговорност и посветеност, велат од владејачката партија.