ноември 22, 2024

Дизелот повторно поскапува, од вечерва на полноќ иста цена со бензинот

Дизел горивото по полноќ ќе поскапи за половина денар, додека цената на бензинот ќе се намали за 1,5 денари по литар, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање.

Според најавата од Бислимоски, литар дизел – гориво ќе се продава за 110 денари, колку што со намалувањето за 1,5 денари ќе изнесува и цената на бензинот од 95 октани, односно 110 денари, а пак бензинот од 98 октани ќе има цена од 112 денари.

Read Previous

Бислимовски: Експертите за Ковид, сега се експерти за горива

Read Next

Вардар го губи местото во Лигата на шампионите!?