ноември 23, 2024

Поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски стана управител на Хотел Мериот!

Иво Котевски, поранешниот портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи во земјата, објави порталот Фактор.

Пред две недели Котевски е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски. Тој го потврди својот ангажман, но не сакаше да даде изјава.

Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем имот на поранешниот шеф на тајкната полиција Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Котевски беше помошник-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР) до 2015, а потоа ја презеде функцијата директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

Пронајден уште еден напуштен „бетмобил“

Read Next

Арсовски: Не е важно да биле 70.000 или 80.000 на митингот, најважно е дека сите тие граѓани бараат предвремени парламентарни избори