септември 22, 2024

Пронајден уште еден напуштен „бетмобил“

На интернет се појавија неколку слики од напуштен „Бетмен-автомобил“, среде поле, наводно – во околијата на Далас, Тексас, САД.

Од каде и да дошол овој „бетмобил“, според љубителите и познавачите, не само што е добра реплика, туку и очигледно е прилично добро зачуван. И бојата е во добра состојба, а пак, кабината е исто така неверојатно чиста и очигледно, ништо не е скршено. За разлика од „бетмобилот“ пронајден во шума лани, овој е во толку добра форма што веројатно би се продал за една минута ако се најде на пазарот, и тоа за добри пари… Дури и ако не работи.

Според наводите на западните медиуми, не се знае точно каде е, но самиот факт дека автомобилот е напуштен сред поле е огромна штета.

Read Previous

За три дена нови 81 случаи на ковид од 1.972 тестови, нема пријавено починати пациенти

Read Next

Поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски стана управител на Хотел Мериот!