ноември 23, 2024

На луѓето кои имаат сало околу стомакот им фали eден витамин

Студија кој ја направил Универзитетот во Амстердам покажува дека дебелите луѓе на кои масните наслаги им се таложат околу половината имаат недостаток од витамин Д.

Маснотиите во црниот дроб се исто така поврзани со малата изложеност на сончева светлина, но само кај мажите, не и кај жените. Не е јасно дали недостатоткот на витамин Д придонесува за таложење на абдоменалните маснотии или дебелината го редуцира нивото на витаминот Д.

Од претходни студии е откриена важноста на овој витамин, кој како што велат научниците, помага да не се дебелееме и го чува срцето здраво, го поттикнува производството на азотна киселина која го регулира протокот на крв и која спречува нејзино згрутчување.

Read Previous

Бугарскиот аналитичар Владимиров: Ветото не е смислено во Софија

Read Next

Срамота, вака за куќен совет не се прави, реагораат младите лекари на начинот на кој се спроведуваат изборите во ЛКМ