ноември 25, 2024

Денеска се гаси „Интернет експлорер”

„Мајкрософт” ја исклучува својата програма „Интернет експлорер” по 27 години. Од денеска, „Мајкрософт” ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на прелистувачот, „Интернет експлорер 11″.

Компанијата пред повеќе од една година објави дека „Експлорер“ ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативниот систем Виндоус 10. Не беше вклучен ниту во нејзината надградба на Виндоус 11, објавена минатата година.

„Интернет експлорер” првпат се појави во 1995 година како дел од оперативниот систем Виндоус 95. Во 2016 година,„Мајкрософт” престана да го развива на сметка на својот нов прелистувач „Еџ”.

„Експлорер“ порано беше најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95% удел на пазарот.

Неговата употреба е значително намалена со лансирањето на други прелистувачи и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како „Андроид” и „ИОС” кои не поддржуваат „Интернет експлорер”.

Read Previous

ЕУ со правни дејствија врз Британија во врска со Северна Ирска

Read Next

„Нетфликс“ најави реално шоу засновано на „Squid Game“