ноември 23, 2024

ЕУ со правни дејствија врз Британија во врска со Северна Ирска

Европската унија денеска треба да го објави својот одговор, вклучително и детали за можните правни дејствија што би можеле да резултираат со казни на Британија. До ова доаѓа откако официјален Лондон го објави планот да отфрли некои трговски правила за Северна Ирска по Брегзитот. Овој британски план, според Брисел, претставува кршење на меѓународното право. Британија во понеделникот објави закон со кој ќе се укинат проверките и ќе се оспори улогата на судот на ЕУ во регионот, велејќи дека промените се потребни за да се подобри трговијата и да се намали бирократијата.

Тензиите тлеат со месеци откако Лондон ја обвини Унијата дека презема тежок пристап кон движењето на стоки меѓу Британија и Северна Ирска – односно проверки за да се одржи отворена граница со Ирска, членка на ЕУ. Европската комисија предупреди дека ЕУ ќе размисли за покренување нови постапки против Британија. Правната постапка може да потрае една година.

Read Previous

Алтернатива го избра Централното претседателство и другите носители на функции во партијата

Read Next

Денеска се гаси „Интернет експлорер”