септември 22, 2024

Падна таванот во градинката „Мајски цвет“ во Карпош

Во градинката „Мајски цвет” во Карпош, Тафталиџе 2, паднал таванот во една од просториите, но за среќа, тоа се случило викендов, кога немало деца и вработени во објектот. Нема повредени во инцидентот.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од детската градинка каде според нив може да се види дека паднал дел од таванската конструкција.

Побаравме повеќе информации од надлежните, но тие не одговорија. Сепак, најавија повеќе информации подоцна, преку изјава на директорот на градинката, а и градоначалникот на Карпош се упатил во објектот да ја види состојбата.

Read Previous

Оваа билка ќе ја намали напнатоста и ќе ви помогне да заспиете – одлична е и за деца

Read Next

Брод управуван од вештачка интелигенција самостојно го преплови Атланскиот океан