Автономниот брод Мејфлауер (МАС) во неделата го заврши своето патување од 4.400 километри од Плимут во Велика Британија до Халифакс во Нова Шкотска, Канада.
Тој требаше да замине во Масачусетс, САД, но беше пренасочен во Канада за да се истражат проблемите што ги имаше за време на пловидбата.
Тримаранот на соларен погон долг 15 метри, развива брзина до 20 km/h и е контролиран од вградената вештачка интелигенција (AI) креирана од IBM, која добивала информации преку шест камери и 50 сензори.
Тој е дизајниран за да го покаже развојот на технологијата низ вековите, уште кога поклониците отпловија кон Новиот свет, рекоа шефовите.
Бродот отплови од Велика Британија на 29. април и се очекуваше за околу три недели да го преплови Атлантикот.
Сепак, тој претрпе некои технички проблеми, па на крајот од мај месец беше донесена одлука да се пренасочи на Халифакс.
Директорот на проектот Брет Фануф рече дека технологијата на IBM „продолжува да функционира според планираното“ и дека сепак се планира бродот да отплови до Плимут, Масачусетс, а потоа до Вашингтон.
Оригиналниот Мејфлауер бил дрвен брод со три јарболи (30 метри) со платнени едра и максимална брзина од 6 километри на час, превезувал 102 патници и екипаж од околу 30 луѓе од Плимут до Кејп Код во Масачусетс. Пловидбата во 1620 г. траела повеќе од 2 месеца.