ноември 21, 2024

Путин се спореди со царот Петар Велики, самиот го урна тврдењето за „денацификацијата“, сепак се работи за освојување територии

Владимир Путин му оддаде признание на царот Петар Велики на 350-годишнината од неговото раѓање, повлекувајќи паралела помеѓу сегашните случувања во Украина и неговата војна за враќање на руските земји.

„Петар Велики ја водел големата северна војна 21 година. Иако изгледа дека тој војувал со Шведска и земал нешто од неа, тој само вратил она што е руско“, кажа Путин на отворањето на изложбата посветена на големиот руски цар.

На 106. ден од војната во Украина, тој ја спореди кампањата на Петар со актуелните руски воени операции.

„Очигледно, сега и ние треба да го вратиме она што ѝ припаѓа на Русија и да ја зацврстиме земјата. Ако тргнеме од фактот дека овие основни вредности ја формираат основата на нашето постоење, несомнено ќе успееме да ги решиме задачите со кои се соочуваме“, кажа рускиот претседател.

Со оваа изјава Путин самиот си ја урна тезата за некаква „денацификација“ на Украина и чистење на териториите, како што тие тврдат, од нацистите.

Петар Велики владеел 43 години и наредил новиот главен град на Русија, Санкт Петербург, да се изгради на земјата што ја одзел од Шведска. Санкт Петербург е и родниот град на Путин.

Read Previous

Ризик од појава на епидемија на колера во Мариупол

Read Next

Советник на Зеленски: Украина дневно губи помеѓу 100 и 200 војници!