ноември 21, 2024

Ризик од појава на епидемија на колера во Мариупол

Во опустошеното пристаниште Мариупол во Азовското Море, кое со месеци беше под руска опсада пред да падне, постои ризик од голема епидемија на колера, објави британското Министерство за одбрана на 10 јуни во својот дневен билтен за разузнавање.

Во билтенот пишува дека изолирани случаи на колера се пријавени во Мариупол од минатиот месец.

Британските разузнавачи, исто така, оценија дека Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за жителите на териториите што ги окупирала во Украина.

„Пристапот до безбедна вода за пиење е неконзистентен, а и натаму има проблем со телефонските и интернет услуги“, се вели во извештајот.

Read Previous

Османи во Солун – Северна Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Read Next

Путин се спореди со царот Петар Велики, самиот го урна тврдењето за „денацификацијата“, сепак се работи за освојување територии